Роењето е поделба на една добро развиена пчелна заедница на две, при што еден дел од пчелите со старата матица заминува во потрага на „нов дом“, додека пак остатокот со новата матица останува во „стариот дом“.
Роењето е еден од начините за зголемување на бројот на пчелни семејства доколку се изведува контролирано од страна на пчеларот, но најчесто тоа е непосакувана појава. Во одреден момент на развој чим пчелната заедница осети дека им станува „тесно“ во нивното живеалиште, кај истата се развива нагон за роење, кој доколку не се спречи резултира со губење на страта матица со отприлика 15.000 до 25.000 пчели.
Роењето е непожелна појава во современото пчеларство, но сепак поради разни причини се случува, особено за време на долготрајни дожделиви периоди каков што беше месец мај 2019 г. Доколку навреме се фати ројот, со сместување на истиот во кошницата се формира ново пчелно семејство.
На фотографиите е прикажано фаќање на рој пчели во село Градешница, Мариово.
- Пчелар: Парговски Пецо (06.06.1952-20.03.2020)
- Локација: село Градешница, Мариово
- дата: 24.05.2019
- фотографии: OFF ROAD Macedonia
Напомена: Доколку забележите рој пчели, оддалечете се што е можно побрзо и пријавете во пчеларско здружение, на некој пчелар или пак во полиција.
Убодот од пчела може да биде смртоносен!!!